(Фото) Костов нaпpaви дpaмa вo cтyдиoтo нa Kaнaл 5: Co пapтизaнcки пoздpaв пopaчa cmpт нa фaшизмoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната емисија на Канал 5 “Само вистина”, на Сотир Костов му беше поставено прашање во однос на преговорите со Бугарија за македонскиот идентитет. Дали е возможно да се направи некаков пресврт, бидејќи Бугарија го признава македонскиот јазик? Костов посакува да се случи тоа, но нема големи очекувања од причини бидејќи малку поинаку ги сфаќа работите како се одвиваат.

“Посакувам да се случи тоа, но не очекувам од причини што јас малку поинаку ги сфаќам работите. Само за секунда ќе ја извадам маската, да го покажам мојот однос на ова што ни го прави бугарската политика – “Смрт на фашизмот, слобода на народот” – најславната изрека на антифашистичката борба против фашистите е овој слоган. Прогласен е за слоган број еден во светот. Смрт на фашизмот го кажаа борците на слобода и држава и национална самобитност на македонците. Прв го изговори еден хрватски партизан кога фашистите го обесија. Јас не кријам како бугарите што кријат што биле. Јас сум Титов пионер. Јас сум Титов младинец, јас раснев во Југославија, каде што верувам и вие сте родени, вие сте помлади од мене. Ама еве јас не се кријам. Јас затоа не се бавам со политика бидеќи мислам во демократијата, бидејќи мислам дека демократски образовани луѓе треба да ја водат, ама затоа ја анализирам политиката. Не може една новопечена бугарска политичарка, недорасната ни на Тито, па ако сакате ни на Сталин, да ни кажува дека ние се понашаме од времето на Сталин и Тито, а тие се тие што се понашаат од времето на Аспарух Хан.” – изјави Сотир Костов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This