(Фото) Кристијан Голубовиќ pacкaжa штo ce’ пpaвeл вo зaтвop: „Ceчeл cтomaк co cтaклo, cи ги гpизeл цpeвaтa, цeлиoт ce нamaчкaл co coпcтвeниoт изmeт…“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кристијан Голубовиќ (51) раскажа уште една нова во низата свои бизарни приказни! Поранешниот озлогласен криминалец и затвореник, сега ријалити ѕвезда се обиде да објасни од каде му се бројните лузни на стомакот, па „измисли“ дека се предизвикани од сечење со стакло во затвор, а потоа си ги јадел цревата?!

Учесникот во реланото шоу „Задруга 4“ тврди дека се решил на овој болен потег кога управата на затворот каде што бил затворен не му дозволила да излезе за време на викендот.

„Стомакот ми е полн со лузни! Да го искусевте сето ова што сум го минал јас, ќе бевте оддамна мртви! Не знаете какво животно сум“ –  ја започна приказната Кристијан, а потоа ги шокираше своите цимери и јавноста.

„Кога бев во затвор, побарав да излезам за време на викендот бидејќи му беше роденден на мојот син Лазар. Не ми дозволија! Од револт, ја зграпчив чашата, и си направив рез од 98 цм од бубрег до бубрег и буквално си го отворив стомакот! Потоа одгризав дел од цревата. Никогаш не сум почувствувал таква смрдеа во животот. Полицајците кои беа присутни буквално се онесвестија, не можеа да поверуваат во она што го видоа. На едниот навистина му се слоши, крвниот притисок му скокна на 200!“ – раскажа Голубовиќ и додаде дека поради тоа и денес има проблеми со стомакот.

„Лекарите мораа да ми извадат дел од цревата. Беше навистина гадно. Јас и сега трпам последици, имам многу чувствителен стомак и црева. Сè што поминав ме направи помудар, па се смирив“.

Сепак, тоа не бил крајот на глупостите на еден од ретките преживеани херои на документарниот филм „Се гледаме во некролог“. Тој и друг пат успеал да ги преплаши и згрози затворските чувари.

„Еднаш толку се вознемирив што целиот се измачкав со сопствениот измет. Кога полицијата ми пријде и го виде тоа, чуварите почнаа да повраќаат. Ме однесоа во лудница! Мислеа дека сум одлепил, ама јас ги измамив“ – се пофали Кристијан Голубовиќ, тврдејќи дека тој постојано и правел големи проблеми на српската и странската полиција.

„Имам повеќе дела од Иво Андриќ! Освен што го исеков стомакот, се тепав со целата станица, скокав од прозорец, проппаднав низ покривот … Еднаш скокнав од прозорецот на полициската станица врз паркирано „Фиќо“ и пропаднав во него. Бидејќи сум голем, се заглавив, не можев да се помрднам. Потоа мораа да се јават во противпожарната служба за пожирникарите да дојдат да го сечат покривот и да ме извлечат“ – раскажа Кристијан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This