(ФОТО) Леонардо ДиКаприо донирал 100. милиони долари за спас на планетата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неговата организација која се бави со собирање донации уште од 1998. година успеала да собере повеќе од 100. милиони долари за борба против климатските промени…
Американскиот глумец Леонардо ДиКаприо (44) со години се бори за правата на животните и за спас на Земјата, а сега неговата организација „Leonardo DiCaprio Foundation“ донирала 100. милиони долари за борба против климатските промени. Организацијата ја основал пред 20. години а ова е најголем износ кој до сега го собрале.

„Кога ја основав ЛДФ, тоа го направив на основа на едноставна идеја да можеме да правиме разлика со директно финансирање на најефектните проекти за заштита на околината“, објаснил ДиКаприо кој преку организацијата поддржува повеќе од 200. проекти на сите континенти и сите океани. Финансирал проекти за зачувување на видовите, обновливи извори на енергија и вистинско автохтоно население.
„Било да станува збор за поединци, движења на локално ниво или за големи непрофитни организации, сакавме да се концентрираме на добивање критички средства кои би можеле да имаат најголемо влијание“, рекол легендарниот ДиКаприо.

Тој глумел во документарниот филм „Пред поплавата“ во 2016. година кога се фокусирал на прашањето на климатските промени.
„Го обиколивме секое катче на светот за да снимиме документарец со разорни влијанија на климатските промени и ја доведовме во прашање способноста на човештвото да го преправи она што е можеби најтежок проблем на човештвото. Сакавме да создадеме филм кој на луѓето ќе им даде чувство на итност“, заклучил глумецот.
Извор:екран.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This