April 25, 2024, 10:53 am

(ФОТО) МАДОНА ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА БЛАГОДАРНОСТА СО СВОИТЕ 6 ДЕЦА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

21 ноември беше Денот на благодарноста. Иако не живее во Соединетите Држави веќе некое време, туку во Португалија, Мадона продолжува да ги следи традициите . И една од нив бара целото семејство да се собере за овој празник.

И тие се собраа – шесте деца на пејачката се претставуваат заедно за слика. Такви глетки на социјалните мрежи се голема реткост. Мадона и децата го прославија Денот на благодарноста во Малави , земја во Југоисточна Африка. Тоа е местото каде што пејачката ги среќава своите четири посвоени деца и многу брзо ја донесува одлуката да им даде втора шанса во животот. И често потоа сите се враќаат таму каде започнува нивната приказна.

https://www.instagram.com/p/BqeyOWGBbPW/?utm_source=ig_embed

На сликата ги гледаме двете биолошки деца на Мадона Лудрес и Роко, заедно со четирите посвоени – Дејвид, Мерси, Естер и Стела . Пејачката повеќепати зборувала за критиките на своја адреса поврзани со посвојувањето на “обоени“ деца.

Денес сепак во Мадона нема ни капка жал за својата постапка и тоа се гледа многу јасно и во пораката, со која ја надополнува сликата на шесте деца.

“Еве за што сум најмногу благодарна. Моите деца ми отвораат врати и посочуваат патишта, по кои сметав дека никогаш нема да тргнам. Славата, богатството и срушените рекорди никогаш не можат да се споредуваат со она што го ценам најмногу.”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This