(Фото) Македонија е „бaнaнa дpжaва“: Во Грциja табли со бугapcки фaшиcтички окупaтop, во Македонија 3aeв ги отcтpaнyвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во скандалозното интервју за БГНЕС, премиерот Зоран Заев се пофали со отстранувањето на историските табли на кои пишува бугарски фашистички окупатор.

,,Ние веќе, мислам дека има преку 20-тина табли во државата сменето каде што стои „бугарски фашистички окупатор“. Тоа не е така! Бугарија не е фашизам. Бугарија е нашиот пријател. Имало некогаш, некоја администрација, во тој момент на почетокот. После тоа Бугарија се крева заедно со антифашизмот, се бори за слободата, за демократијата и апсолутно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваат територии, еве знаеме, Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје и во целиот овој дел“, вели Заев.

Сепак за разлика од Македонија која се повеќе наликува на јужноамериканска „банана држава“ во Грција таблите на кои стои бугарски фашистички окупатор стојат до ден денес.

„Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател“, порачува премиерот Зоран Заев во најновот интервју за бугарската БГНЕС, во која одговара на повеќе прашања поврзани со актуелните историски спорови, заедничкото минато, но и европската иднина на двете земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This