April 25, 2024, 12:16 am

(Фото) Малчески: На лaгaтa и се кpатки нозете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самоил Малчески од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со изјавите на власта за растот на просечната нето плата, која е зголемена за 1795 денари, односно од 26 422 денари на 28 217 денари, посочи дека на лагата и се кратки нозете, бидејќи, покрај платата, паралелно растат и цените на основните производи.

Заедно со просечната нето плата, која е зголемена за 1795 денари, и сега изнесува 28 217 денари, во споредба со минатата година пораснале и цените на бензинот, дизелот, екстра лесното масло, маслото за готвење, шекерот и млекото. Па така, со овие 28 217 денари, всушност, можат да се купат помалку од овие производи, во споредба со минатата година, кога просечната плата била 26 422 денари.

„Кога на лагата и се кратки нозете! Расте просечно исплатената нето плата, но уште повеќе растат цените на основните производи! Систематски се осиромашуваат граѓаните!
Едно општество, ама сиромашно општество за сите, освен за перјаниците и слугите на #ХибриденРежим!“, коментира Малчески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This