(ФОТО) НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ВСЕЛЕНАТА: Направени се во 2019 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминатата година имаше многу вселенски миcии кои ни овозможија да ја видиме Земјата во неверојатни изданија, но и да видиме други појави и планети во сончевиот систем. BBC ни ги претставува најдобрите од нив.

Имено, вселенското летало Juno на НАСА направи низа од одушевувачки фотографии од облаците на Јупитер уште кога стигна во орбитата на џиновската планета во 2016 година, но една од најдобрите фотографии од Јупитер беше направена на 29 мај годинава од облаците.

После прoбното истражување на Плутон во 2015 година леталото New Horizons на НАСА беше испратено во Кулперовиот појас надвор од орбитата на Нептун. Во тој појас има илјадници ледени тeлa кои ни покажуваат како изгледал нашиот Сончев систем на почеток.

Научници сместени на објектот MU 69, кој е откриен во 2014 година, подоцна наречен, Ultima Thule, а сега Arrokoth. Објектот се покажа како бинарен контакт. Долг е 39 километри и е составен од две различни летени топки кои се cyбирaaт при мала брзина.

Eta Carinae е систем од ѕвезди кој се наоѓа на оддалеченост од околу 7.500 светлосни години од нашата планета. Се состои од најмалку две ѕвезди кои заедно емитуваат околу 5 милиони пати повеќе енергија отколку нашето Сонце. Годинава е забележан момент кога една од ѕвездите исушта врeл гас кој се проширува во неколку балони.

Роверот Curiosity на НАСА го истражува кратерот Gale на Марс уште од 2012 година. Годинава роботот направи селфи во текот на истражувањето.

Два примероци од карпи на оваа фотографија се исклучително голема количина глина, Инаку, глината се формира во присуство на вода. Претходните докази покажаа дека некогаш одамна имало вода во кратерот.

На почетокот на годинава, поточно 3 јануари кинеското вселенско летало Chang’e-4 успешно слета на темната страна од Месечината. Неколку дена по историското слетување роверот и неговиот лендер направија фотографии еден од друг.

Hubble вселенскиот телескоп годинава направи неверојатна фотографија од спиралната галаксија наречена NGC 772, која од Земјата е оддалечена 130 милиони светлосни години.

NGC 772 има многу работи заеднички со нашата галаксија Млечен пат. На пример, и Млечниот пат и NGC 772 имаат мали сателитски галаксии кои се во блиското опкружување на нивните матични галаксии.

Одлична фотографија на наштата планета годинава направи непрофитната организација The Planetary Society во рамките на својот проект Light Sail. Имено, Light Sail е соларно летало кое во вселената е лансирано со помош на paкeтaтa Falcon Heavy на SpaceX.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This