(Фото) Неверојатна фотографија од Кабул: Авгaнистанка хрaбро глeда во пyшкaтa впeрeна кон неа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните денови имало повеќе протести на жени во кои барале еднакви права како и мажите и кои ги имале во текот на американската воена интервенција.

Владеењето на талибанците во Авганистан практично не е ни почнато, а неколку фотографии веќе ја обележале нивната власт. Една од нив е фотографија направена на протестите, а покажува неверојатен момент кога Авганистанка храбро гледа во пушката која во неа ја вперил талибанец.

Сцената е снимена во текот на демонстрациите во Кабул во вторникот.

Жената во рака имала само шише вода, а еден од милитантите ја кренал пушката и и ја вперил во глава додека таа студено, речиси и незаинтересирано гледа. Околу неа почнале да се собираат и други луѓе.

Идентитетот на жената не е познат, како ни и што се случило со неа, пишува “Mirror”.

Многумина на социјалните мрежи ја пофалиле жената поради храброста. Последните денови имало повеќе протести на жени во кои бараат исти права како и мажите, какви што имале во текот на американската интервенција.

Високата службеничка на ОН, Алисон Давидиан, во средата изјавила дека добива секојдневни извештаи за лошата позиција на жените. Многу од нив не смеат да ги напуштат домовите без машка придружба, а во некои провинции е забрането и да одат на работа.

“Стравот се чувствува ширум земјата”, навела таа и додала дека луѓето и тоа како се сеќаваат на талибанското владеење во 90-тите години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This