(Фото) НЕ Е ЗАКОН АКО РАШКО НЕ ГО ПРЕКРШИЛ: Владата не си ги почитува сопствените мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Koму му останува да верува во мерките и препораките на Владата на Република Македонија ако претставниците на Владата не ги почитуваат истите. Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски важи за „лошо момче“ на Илинденска имајќи ги во предвид низата афери во кои лично тој е вмешан, обвинувањата како и отворените писма на вработени кои се жалат на мобинг.

Рашковски попладнево е фотографиран без маска како комотно се шета во една скопска продавница, тој не носи ниту марама, ниту пак било каква друга заштитна прекривка на устата и носот. Со ваквото однесување Рашковски не само што го загрозува своето, туку и здравјето на другите граѓани, а во ризик ја става и цела Владата и функционирањето на државата имајќи во предвид каде се наоѓа неговото работно место. Се поставува прашањето дали тој ќе одговара за непочитување на владините мерки, или тие важат „само за обичните смртници“.

Легендата вели, не е закон ако „Рашко“ не го прекршил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This