(Фото) Не пpocтувамe, не забораваме, очекувајте нѐ, порачаа хaкepитe на страницата на ДИК која уште не работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не простуваме, не забораваме. Очекувајте нѐ, порачаа хакерите на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) која уште не функционира.

Таа не работи од синоќа. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски, на прес-конфренција рече дека страницата на ДИК е цел на надворешен напад. Остана само фотографијата од пораката на „Анонимуси“ по хакирањето на агрегаторот „Тајм.мк“.

Поминаа уште едни ‘демократски избори‘ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава. Попис? Pse Jo? Ама не можеме и нив да ги обвиниме кутрите напатени души гледаат колку за бело, моет,цигари и за белолебче да има да донесат дома“, пишува во дел од пораката од група која себе си се нарекува Анонопсмкд.

Тие велат дека го избрале агрегаторот ради најголемиот број на посети.

Сопственикот на „Тајм.мк“, Игор Трајковски во текот на целата вечер на својот Твитер профил објавуваше дека агрегаторот е цел на напади, дека „некој има фрлено многу пари за тоа“, а во последната објава пишува дека преку 20 милиони ИП-адреси вршат напади и дека хакерите го купиле целиот „дарк веб“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This