(Фото) Нови „боmби“ од историските архиви: Македонски добpoволци во канадската аpмија во Пpвата Cвeтска Вojна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предизвик до сите Македонци – број 6, 23 мај 2021

Македонци во канадската војска за време Првата светска војна јавувале дека потекнуваат од Македонија

Податоците за младите Македонци кои се пријавиле доброволно да служат во канадската експедициска војска за време Првата светска војна се наоѓаат на интернет страната http://www.ancestry.com/ , во делот за американската воена колекција од 1755 до 2006 година (U.S Military Collection, 1775 – 2006), потоа се бира Прва светска војна и се впишува Македонија за бирање, и под канадски војници од Првата светска војна за 1914-1918 (Canadian Soldiers of World War I, 1914-1918) се појавуваат 63 примероци.

Во стварност има 61 македонски доброволец, бидејќи едно лице се појавува два пати, додека едно друго лице воопшто не е од Македонија.
Податоците се наоѓаат во „Сведочењата“ (во оригинал – Attestation Paper) или „Податоци за регрутот“ (во оригинал – Particulars of Recruit) каде се изнесени личните податоци на доброволецот (име и презиме; адреса на живеење; град/село, околија и држава на раѓање; име на најблискиот роднина; роднинска врска со лицето кое е именувано за најблизок роднина; адреса на најблискиот роднина; дата на раѓање на доброволецот; струка; брачна состојба; и други податоци кои војската ги барала), со изјава дека податоците се точни и дека се согласува да служи во канадската прекуморска експедициска војска, како и Заклетва дека верно ќе му служи на неговото Височество, кралот Џорџ петти.

Интересно е дека 16-мина од доброволците за постојано место на живеење дале адреса во САД, што значи дека наместо во американската војска, решиле да служат во канадската.

Сите доброволци за местото на раѓање, покрај селото или градот, ја назначуваат и Македонија, што потврдува дека за овие млади Македонци, татковина и родно место им била Македонија, без разлика дали таа била слободна држава или пак под туѓа власт. Некои од нив, додаваат и Грција, Србија или Турција, според тоа од кој дел на поделена Македонија се доселиле во Канада, иако сите тие се родени додека Македонија била дел од Отоманското царство.

Еве примери за неколкумина од нив:

Пандо Георгиев, роден 17 август 1894 година во село Желево, Македонија, додека неговата мајка Стојна Котева живеела во селото Арменско, Лерин, Македонија;

Ристо Андреев, кој бил роден 25 декември 1896 година, за место на раѓање назначил едноставно – Македонија;

Коста Илиев, роден 12 ноември 1893 година, за место на раѓање навел Манастир, т.е. Битола, Македонија;

Јане Динев, роден 15 август 1894 година, во Македонија;

Љубе Стефан, роден 1 април 1896 година, исто така за место на раѓање навел само – Македонија, додека за својот татко навел дека живее во село Зелениче, Македонија;

Стефан Николов, роден 6 јули 1893, навел дека е роден во Манастир (Битола), Македонија;

Наум Ристо, роден март 1896 година, во Костур – Македонија, додека мајка му живеела во село Желево, Костур, Македонија.

Се надеваме дека со овој прилог придонесуваме во збогатување на сознанијата за македонската посебност во подалечното минато.
До следната објава,
Драги Стојковски

Целиот пост погледнете го тука.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This