April 16, 2024, 11:05 am

(Фото) Новото Ламборгини Есенза SCV12, нeлeгaлнoтo opyжјe за тркачките патеки…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ламборгини го претстави новиот модел Есенза SCV12, кој е ограничен на 40 примероци и нелегален за секојдневна употреба.

Новата зверка на Ламборгини, која го има најмоќниот мотор до сега, развива 830 коњски сили од 12-цилиндри распределени во V-конфигурација и има неверојатен аеродинамичен пакет кој што практично ја лепи за патеката при неверојатни брзини.

,,Есенза SCV12 го претставува најчистото возачко искуство што нашиот бренд може да го понуди, инженерски подвиг што ја покажува нераскинливата врска помеѓу нашите возила и тркачките патеки. Ламборгини е бренд што константо гледа кон иднината и бара нови предизвици, но никогаш не си ги забораваме корењата и тоа што сме: Есенза SCV12 е совршениот пример за нашиот неконвенционален дух како производител на супер спортски автомобили и нашата страст за мотоспорт.” – Изјави генералниот директор на Ламборгини, Стефано Доменикали.

SCV12 е директен наследник на моќните Мјура Јота и Диабло ГТР, легендите на Ламборгини чии што постери краселе безброј зидови на љубителите на овој бренд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This