(Фото) Ова ли е воздухот што го ветуваше СДСМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве граѓаните на Македонија дишат отров наместо чист воздух кој што го ветуваше СДСМ дека ќе го донесе по изборите.

Според концентрацијата измерена на ПМ10 честички во воздухот измерена во 19 часот во Кавардаци граѓаните се гушат бидејќи има над 294 µg/m³ од дозволени 50 µg/m³. Ситуацијата а е слична и во другите градови низ државата во Карпош концентрацијата на ПМ10 честички е 200 µg/m³, а во Тетово е 199 µg/m³. Во Кичево граѓаните исто така не го чувствуваат чистиот воздух, таму концентрацијата на ПМ10 честички изнесува 194 µg/m³, во Битола мерната станица Битола 2 има измерено 183 µg/m³.

Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе смртни случаи поради разни болести на дишните патишта и рак.

Тоа е чистиот воздух кој што СДСМ го донесе со нивното доаѓање на власт иако устите им беа полни со ајро, ајро.

„Проблемот со загадувањето е сложен и долготраен, но Владата и сите институции се силно посветени на негово решавање и обезбедување здрава животна средина и чист воздух за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ од 28.12.2018 година.

„Последиците од загадувањето се сериозни за животната средина и за животот и здравјето на граѓаните. Затоа, владата предводена од СДСМ решавањето на проблемот со загадувањето го постави како приоритетна задача со акцент на итност. Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови“, пишува во соопштението на СДСМ од 27.11.2018.

На ова одамна алармираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ветувањата на СДСМ за чист воздух се популистички и дека од сите дадени ветувања ништо не исполнија.

„Инспекторатот не постои, а дури и да се изврши некаде контролa, резултатите се кријат и нема санкции за бизнисмените блиски до Заев.

„СДСМ откако е на власт граѓаните заборавија како изгледа да се дише чист воздух.Македонија три години тоне во смог, а власта предводена од Заев не мрда со прст“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This