April 26, 2024, 11:23 pm

(Фото) Ова се луѓето кои нарачаа апceње на екипата на Инфомакс – Има началници, инспектори, полицајци – добро организирана криминална група

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Eкипата на Инфомакс беше приведена во полициска станица првата вечер од своето известување во Прилеп.

Приведувањето се случи на само еден метар од штаб на политичката партија СДСМ за кој добивме сериозни информации дека се врши поткуп од страна на Александар Спиркоски- Џемо за кој минатата година беше објавена снимка дека делел пари за поткуп на ромски гласови.

Штабот се наоѓаше во прилепската населба Тризла и беше отворен за време на изборниот молк, а нашата камера регистрираше како се агитира за гласови пред и во штабот.

Полицијата не стори ништо за да го спречи агитирањето за време на изборниот молк, но затоа ја приведе екипата на Инфомакс.

Денеска на прес-конференција опозицијата ги откриј и нарачателите.

-Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз, изјави Драган Ковачки на прес-конференција на опозицијата.

-Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ” според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители.

За изборите било договарано, следење, малтретирање и шиканирање на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец, додаде тој.

Овие се луѓето кои го нарачаа нашето приведување со цел да се открие шемата за поткуп во Прилеп и сите нерегуларности кои се случуваа за време на изборниот молк.

Очекуваме сите странски амбасади да реагираат на ваквото групо прекршување на граѓанските слободи и права и оневозможување на новинарите слободно да си ја вршат својата работа.

Инаку полицаец кој ја приведе екипата Инфомакс беше снимен од страна на нашата камера во штабот на СДСМ во Прилеп во моментот кога нашата екипа беше физички нападната.

Погледнете со какви гнасотии се користеле припадниците на МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This