(ФОТО) ОД БЕЗДОМНИК ДО МИЛИОНЕР ЗА 5 ГОДИНИ: 22 годишниот Хари има неколку совети како да бидете успешни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хари Сандерс има само 22 години, а веќе е генерален директор на компанија. Сепак, ова младо момче немал среќен живот – на 17 години го напуштил училиштето, останал препуштен сам на себе и завршил на улица.

Сепак, во 2015 година, непосредно пред да стане бездомник, ја основал “StudioHawk” – агенција за оптимизација на пребарувачи која го зголемува сообраќајот на деловните сајтови. Сега од компанијата очекува заработка од 3 милиони долари во претстојната година.

Сандерс кој го поминал патот од бездомништво и живот со зaвиcници од хepoин до сопственик на компанија која заработува милиони, споделил неколку совети кои ќе ви помогнат да станете успешни на деловно поле во новата година.

– Работете како тоа да е вашата последна прилика во животот:
Не ја започнувајте yмopни новата година, а тоа ќе го постигнете така што уште за време на празниците ќе се припремите за она што сакате да го работите. Меѓутоа, имајте го ова на ум: за да бидете во состојба напорно да работите, мора да знаете и кога е време за опуштање.

– Најдете причина за секоја цел:
Не е доволно само да си кажете “сакам да бидам во добра физичка форма” или “сакам унапредување”, вели Хари.
На сите нѝ е потребен поттик. На пример, ако сакате да ја подобрите вашата физичка форма, мотивот може да биде добар изглед или уживање во животот со полна пареа.

– Користете или фрлете:
Новата година е совршен момент да се ослободите од сè што не ви носи радост. Сите понекогаш сме затрупани со работи кои повеќе не ги сакаме и не ги користиме. Фрлете ги работите кои со години стојат во вашата фиока и направете место за нови. Кога ќе го исчистите просторот, ќе го исчистите и вашиот yм и ќе создадете простор за успех.

– Започнете да штедите:
Најбогатите луѓе се многу често внимателни со парите. Ако постојано само трошите, вашите пари нема да ви донесат ништо вредно. Следната година обрнете внимание на поволностите – отворете сметка за штедење и договорете се со вашата банка за директен трансфер на неа секој месец.

View this post on Instagram

Till next time Portugal! #ssj19

A post shared by Harry Sanders | StudioHawk (@harrysandersseo) on

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This