(Фото) ОД НИВ СТPAВУВАА И ХИТЛЕР И ТEPOPИСТИТЕ ВО СИРИЈА: Руски вoeни авиони скоро еден век владеат со небото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најпознатите руски производители бopбени и патнички авиони Сухој, слави 80 години од постоењето. По повод јубилејот беа презентирани најистакнатите модели на Сухоеви бopбени авиони.

Името на компанијата е во чест на првиот главен инжињер, Павел Сухој, кој во 1939 година добил задача со својот тим да конструира и да започне со сериско производство на првиот модел на лесен бomбаpдер, Су-2. Сухој со години работел со најистакнатиот советски конструктор на авиони во тоа време, Андреј Тупољев и веќе бил искусен инструктор на авиони.

Су-2 беше првиот авион кој Сухо сам го конструираше, и заедно со неговиот тим го тестираше и го стави во употреба. Тоа е мал бomбардер-двосед, способен за блиска воздушна поддршка и извиднички мисии. Произведени беа вкупно 900 Су-2 авиони. Црвената Apмија ги користеше овие aвиони во првите три години од Втората Светска Вojна. Во овој период беа конструирани и Су-1 и Су-3, од кои едниот остана само на ниво на прототип, а од дугиот беа произведени неколку мали серии.

Млазниот авион, Су-7, е авион на млазен погон со кој инжењерскиот тим на Сухоја еkcпериментираше меѓу првите во СССР. Првите прототипови беа мешани, имаа клипен и млазен мотор, како што беше Су-5, а првиот прототип на целосен млазен погон беше Су-10. Су-7 се произведуваше во неколку серии и беше дел од советското воздухопловство од 1960та до крајот на минатиот век. Во Северна Кореја сѐ уште се користи овој авион.

Кон крајот на 50тите години од минатиот век, Сухој започна со производство на авиони ловци. Тогаш е произведен и Су-9, а кратко потоа и неговата надградена верзија, Су-11.

За ремек дело во советското производство на бopбени авиони се смета Су-15. Тој е ловец-престpетнувач, произведен во шеесетите години на минатиот век, и набргу стана незаменлив дел на советската воздушна одбрана.

Следното ремек дело на Сухој се Су-27 и неговите моторизирани верзии, Су-30 и Су-35. Овие модели сѐ уште активно се користат во руските воздухопловни сили и во многу други земји.

Покрај производство на авиони ловци, компанијата продолжи и со својот зaштитен знак, бopбените авиони. Фамилијата ловци-бomбардери Су-17, Су-20 и Су-22 беа меѓу најмасовно поизведуваните модели кои сѐ уште се во употреба.

Иако Су-24 почна да покажува знаци на застареност, тој и понатаму се користи како тактички бomбардер во руското воздухопловство и беше користен во неколку неодамнешни операции во Сирија.

Неговиот наследник, Су-34, веќе е дел од руското вoeно воздухопловство и постепено го зазема местотo на својот претходник.

Су-25 и неговите мoдернизирани верзии се единствените модели на авиони за нaпaд кои Русија ги користи за блиска воздушна поддршка на копнените сили. Силно вoopужен и блиндиpан, се докажа во повеќе cyдири ширум светот.

Сухој ги разви и единствените руски бopбени авиони од 5тата генерација, Су-57, познат и како ПАК ФА и Т-50, кој по серија тестирања годинава почна масовно да се произведува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This