(Фото) Оливера Ќирковиќ, aвтopкa нa бecтceлepoт „Пинк Пaнтep“ – Тpeтиот дeл oд тpилогијата за македонската пyбликa ќe ce нajдe нa Саем на книга веќе од 10ти Септември во Арената „Борис Трајковски“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На овогодинешниот Саем на книга од 8ми до 14ти септември со своја понуда ќе се појави Оливера Ќирковиќ, авторката на бестселерот „Пинк Пантер“.

Оливера Ќирковиќ е добропозната на македонската читателска публика по својата книга „Пинк Пантер“.

Засега се издадени два дела од трилогијата „Пинк Пантер“ кои воедно се преведени на македонски јазик.

Првиот дел „Исповед“ и вториот дел „Архондиса“ се издадени на македонски јазик неодамна, а авторката Оливера Ќирковиќ е самостоен издавач на овие две книги.

Третиот дел од трилогијата излегува од печат специјално за македонската публика и ќе се најде на Саем на книга веќе од 10ти Септември.

Освен на македонски јазик првиот и вториот дел ќе бидат достапни и на српски јазик, додека третиот дел од книгата ќе биде достапен само на српски јазик.

Засега третиот дел од трилогијата „Пинк Пантер“ наречен „Враќање“ (Повратак) не е достапен ниту на српскиот пазар. Тој директно од печатница стигнува на штандот на Оливера Ќирковиќ на Саемот на книга на 10ти Септември.

Да потсетиме, оваа година Саемот на книга, посетителите ќе имаат прилика да го проследат на отворено А1 Арена во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Саемот ќе започне на 8ми Септември и ќе трае до 14ти Септември, а ќе се почитуваат и сите здравствени протоколи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This