April 19, 2024, 12:35 pm

(Фото) Пендаровски гo пpими вpшитeлoт нa дoлжнocт вo Амбасадата нa Дpжaвaтa Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар во Република Македонија, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

На средбата беа разменети мислења за текот и динамиката во развојот на билатералните односи меѓу двете земји и беше реафирмиран интересот за натамошно унапредување на односите со Катар во сите сфери од заеднички интерес.

Во таа насока, беа разгледани можностите за искористување на економските потенцијали со кои располагаат двете земји, интензивирање на бизнис релациите и можноста за реализација на странски инвестиции во земјава.

Претседателот Пендаровски ја посочи потребата од унапредување на договорната рамка и заокружување на билатералните договори за соработка, како и неопходноста од натамошно олеснување на визниот режим.

Претседателот Пендаровски и вршителот на должност, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани разменија мислења и за предизвиците кои произлегуваат од справувањето со пандемијата на Ковид-19, како и за последиците од актуелната состојба на глобално ниво. Во таа насока, претседателот изрази благодарност за донацијата од Државата Катар во справувањето со Ковид-19 и изрази очекување за натамошна соработка во областа на здравството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This