(Фото) Повторно кaтacтрoфaлни статистики – Регистрирани 115 нoвoзaбoлeни и 7 пoчинaти лицa во изминатото деноноќие од Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.
Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3394, активни 2007, Куманово 797, активни 244, Дебар 109, активни 57, Штип 374, активни 161, Прилеп 282, активни 56, Тетово 766, активни 392, Струга 265, активни 167, Велес 196, активни 43, Битола 61, активни 22, Охрид 204, активни 175, Кавадарци 21, активни 15.

Гостивар 156, активни 93, Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 17, активни 9, Крива Паланка 16, активни 10, Радовиш 4, активни 0, Крушево 7, активни 3, Кочани 74, активни 21, Пробиштип 26, активни 17, Демир Хисар 2, активни 1, Македонски Брод 6, активни 4.

Пехчево 6, активни 3, Берово 3, активни 0, Валандово 6, активни 2, Виница 3, активни 0, Делчево 1, активни 0, Кратово 5, активни 2, Свети Николе 42, активни 37, Кичево 48, активни 39, Ресен 122, активни 89, Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

На почетокот на пандемијата, министерот за здравство најави дека пикот на коронавирусот же биде во април и дека тој прогнозира 2000 заразени. Бројот на заразени од коронавирус во Македонија достигна над 7.000 граѓани, а и бројот на жртви е преголем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This