April 26, 2024, 11:40 am

(Фото) Потврда за погpeшните економски политики на власта: Македонската економија бележи сeриозен пaд на продуктивноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека македонската економија бележи сериозен пад на продуктивноста.

-Македонската економија бележи сериозен пад на продуктивноста!

Македонија веќе подолг временски период бележи пад на продуктивноста на трудот (БДП по работник).
Имено, продуктивноста на трудот бележи просечен пад од – 2.2% годишно во последните четири години. Овој пад на продуктивноста на трудот е уште поизразен во првите три квартали од 2020 година, каде е забележан пад од -6% споредено со истиот период лани.

Ова е силна потврда за погрешните економски политика на Владата во целиот изминат период, но уште повеќе во периодот на кризата.

За споредба, во Србија продуктивноста на трудот во периодот 2017-2020 година бележи просечен раст од 1.5%, а во првите три квартали од 2020 година падот е повеќе од шест пати помал од нашиот, – 0.8%.
Само да појаснам овој индикатор покажува колку еден работник во просек произведува (додава вредност) во економијата и во нормални пазарни услови од него зависи висината на просечната плата во земјата.

На пример, Македонија има 3 пати пониска просечна плата од Словенија затоа што Македонија има 3 пати пониска продуктивност од Словенија или платите во Германија се 6 пати поголеми од платите во Македонија затоа што германската економија е 6 пати попродуктивна од македонската економија.

Од ова може да заклучиме дека со економските политики на оваа влада ниту ќе растат платите, ниту ќе расте животниот стандард на граѓаните, стои во неговиот пост на Фејсбук.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=10224569911580392&set=a.10204338324483359

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This