(Фото) Почнуваме – Ѓорѓиевски на својот прв работен ден како градоначалник порача: Мојата канцеларија е отворена за секого, Кисела Вода ќе ја изградиме како што доликува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денес Кисела Вода почнува со работа, од денес, моите сограѓани добиваат свој човек во општината.

Како што се обврзав и во кампањата, мојата канцеларија ќе биде отворена секој ден, за секој од вас. Ќе ги решиме сите Ваши проблеми заеднички, а Кисела Вода ќе ја изградиме онака како што доликува, општина за сите луѓе, општина од 21.век.

Денес го превземав раководењето со општината, а на општинската администрација сакам да и порачам дека јас нема да се реванширам и одмаздувам, јас сум градоначалник на сите жители на Кисела Вода, но ќе барам од администрацијата кон секој граѓанин да се однесува со почит и уважување.

Секако, ревизија на четиригодишното работење на општината ќе има, а онаму каде што имало пропусти ќе се погрижам да бидат расветлени.

Почнуваме, пишува на Фејсбук новиот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This