(Фото) По вpcкaта од 16 години конечно се омажи 34 годишната премиерка на Финска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерката на Финска, Сана Марин, во неделата објави дека се омажи за својот партнер со кого е во врска 16 години, по осум месеци откако ја презеде функцијата премиер како најмладата личност во земјата што ја има таа функција досега.

Марин објави на Инстаграм дека се омажила за Маркус Раиконен, објавувајќи фотографија од свадбата каде невестата е облечена во бело, со бели цвеќиња во рацете, додека младоженецот е облечен во класичен костум.

-Среќна сум и благодарна што можам да го споделам животот со човекот што го сакам“, напиша Марин.

-Од сите , ти си за мене вистинскиот. Ти благодарам што си со мене, додаде таа.

Финската влада објави дека во саботата се одржала мала церемонија во резиденцијата на официјалниот премиер во Хелсинки и дека присуствувале 40 лица.

Марин го запознала Раиконен кога биле двајцата 18 години и родители на двегодишно девојче Ема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This