(ФОТО) ПО СТАБИЛИЗИРАЊЕТО НА КOРOНA CОCТОЈБAТA: Италија бара 60.000 доброволци кои ќе ги надгледуваат мepкитe за физичка дистанца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 доброволци кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и да ги предупредуваат луѓето да ја почитуваат оваа мерка за превенција од пандемијата на коронавирус во фаза на укинување на карантинот и олеснување на рестриктивните мерки.

Министерот за регионални работи Франческо Боча го најави ваквиот план поради зголемените стравувања дека луѓето не се придржуваат до мерката за дистанца и опасно се приближуваат едни до други на плажите, во баровите и на јавните плоштади.

Волонтерите внимателно ќе набљудуваат, „но исто така ќе промовираат добро однесување“, изјави денес градоначалникот на Бари и претседател на Здружението на италијански градови Антонио Декаро за Ла Република.

Министерот Боча најави дека волонтерите ќе делуваат под името „цивилни помошници“ и ќе носат сини маици. „Тие ќе бидат опремени со моќ на убедување, аргументи и насмевка“, рече министерот.

Повикот за како волонтери/помошници приоритетно ќе им биде упатен на невработените и корисниците на социјални примања, а ќе биде објавен во текот на неделата од страна на Агенцијата за цивилна заштита, наведе Боча на Фејсбук.

Италија беше силно погодена од пандемијата на коронавирус, доживувајќи го врвот на епидемијата во март, по што бројот на заразени со недели опаѓаше, а наметнатиот карантин во земјата практично е завршен на 18 мај.

Во интервју за миланска Ла Стампа, Боча рече дека владата го користи принципот награда и казна, кој „функционира“, но предупреди дека понатамошното олеснување на мерките може да биде одложено во случај на несоодветно однесување на граѓаните.

Италијанските власти во моментов предвидуваат укинување на забраната за патување меѓу регионите на 3 јуни. Истиот ден, Италија ќе ги отвори своите граници за туристите од земјите на Европската унија.

Италија бележи вкупно 32.785 смртни случаи поврзани со ковид-19, респираторното заболување предизвикано од новиот коронавирус и вкупно 229.858 случаи на зараза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This