(Фото) Промовирана иницијативата за независна листа на разочарани членови на СДСМ во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што истакна Димитар Велјаноски, еден од иницијаторите, основната цел на оваа граѓанска иницијатива останува активното и масовно учество на граѓаните, со предлози за изработка на изборната програма и предлози за персонализација на изборната листа.

Граѓанската иницијатива, преку простории во неколку урбани заедници на територија на град Охрид, ќе им овозможи на граѓаните непосредно запознавање со оперативната методологија и концепт со кој „Охрид пред сè“ ќе го разбие сивилото на локалната политичка сцена и ќе го врати Советот на општината во рацете на граѓаните.

Доволно гледавме како судбината на Охрид се управува од политичките центри на моќ во Скопје. Време е охриѓани во сопствени раце да ја земат иднината на својот град, изјави Велјаноски.

Просториите на граѓанската иницијатива „Охрид пред сè“ ќе бидат отворени за посети од граѓаните секој работен ден од 08.00ч. до 20.00ч. и согласно активните протоколи и ограничувања во време на пандемија.

Членови на СДСМ од Охрид и поранешни советници во Советот на Општината на претстојните локални избори во Охрид ќе настапат со листа на независни кандидати под мотото „Охрид пред сѐ“

За премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев е доказ дека партијата е демократска во која се почитуваат различни ставови.

„СДСМ е единствен и тоа сме го покажале досега. Но сме различни во ставовите. Тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење. Се надевам дека листите од докажани социјалдемократски членови се порака до СДСМ и ќе разговараме, бидејќи СДСМ секогаш оди по патот на единството до победа“, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This