(ФОТО) ПOPAЗИТЕЛНA СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Се наоѓаме на врвот на табелата за пoчинaти и зaрaзeни од кoрoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија останува на врвот на црните статистики. По број на заразени лица со коронавирус на еден милион жители, Македонија е на второ место. Полоши бројки на оваа табела од нас, има само Србија.

Имено, во Македонија на еден милион жители има 967 заразени лица, а Србија 1.284.

Македонија има повеќе заразени со коронавирус во споредба со сите останати држави од регионот кои подобро од нас се справиле со пандемимијата. Помалку заразени има во Романија, Босна, Словенија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Унгарија, Албанија, Бугарија и Грција. Далеку полошо сме рангирани и од просекот во светот.

На неславното второ место сме, за жал, и по бројот на смртни случаи. На еден милион жители, во Македонија починале 56 лица, а во СРбија овој број е 63.

Сите останати земји успеале да дојдат до што помал број на жртви. Во табелата подолу, погледнете ги резултатите:

Не можеме да се пофалиме ниту со доволен број на тестови. Погледнете каде се наоѓа Македонија на оваа листа:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This