March 29, 2024, 10:21 am

(Фото) Пpивeдeни тpи лицa вo Скопје: Пpoнajдeнa aвтoмaтcкa пyшka и мyнициja, eднo лицe ce oбидeлo дa ja фpли пyшkaтa нaдвop oд кyќaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска (31.08.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршија претрес на дом на Џ.Љ. (63).

При претресот е пронајдена автоматска пушка од кинеско производство, рамка за автоматска пушка и 40 куршуми калибар 7,62 мм..

За време на претресот С.Љ. (28) се обидела да ја фрли пушката надвор од куќата, но била забележана од полициските службеници.


Џ.Љ., С.Љ., како и Х.Љ. (35) се приведени во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 396 од КЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This