March 28, 2024, 11:30 am

(Документи) Сепак имало aвaнтa при пocpeдyвaњeто за кинеските вakцини – Мицкоски го обeлoдeни CBИФТ-от зa иcплaтaтa нa 7.8 милиони евpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешниот брифинг за новинарите ВМРО-ДПМНЕ фрли ново светло на случајот со набавка на кинески вакцини преку фантом компанија од Кина.

Се работи за скандал со фантом компанија со седиште во Хонгконг, Старби Интернешнл која требаше да посредува при набавката на кинески вакцини за Македонија и е наведена исто така во сите официјални писма на министерот.

Од деталите кои ги сподели Ла Верита со јавноста фирмата нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Дојче банк и била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето за набавка на кинески вакцини.

Соработката на Македонија со оваа компанија во Пекинг создало сомнеж дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа довело до поништување на процедурата, по што 200-те илјади кинески вакцини никогаш не стигнаа во Македонија.

Министерот за здравство, Венко Филипче на 28.04.2021 година коментирајќи ја постапката во Антикорупциска посочи дека немало аванс од 12 милиони евра за Старби интернешнл.

-Многу компании не се согласија да ни продаваат, кинеските компании не ни одговараа на повиците. Нема таква исплата на аванс од 12 милиони евра. И тоа го проверува ДКСК, ние сме отворени и транспарентни, немаме што да скриеме. Самата Кина ни рече дека мора да се фати друг пат. Не станува збор за провизии и за разлики, вели Филипче .

Сепак реалноста е малку поинаква имајќи во предвид дека опозицијата го направи јавно достапен свифтот со кој се потврдува трансакција во висина од 7.8 милиони евра од министерството за здравство до кинеската компанија.

Jaвно познато е дека вакцините на Синофарм чинат помеѓу 25-30 долари, цената за испорака по брза постапка е 36 долари. Што пак значид дека најскапа „Синофарм“ вакцина е 36 долари, а Венко Филипче ја набавувал кинеската вакцина преку Старби Интернешнл по цена од 62,5 долари од вакцина.

Лагата за уплатениот аванс тежок 7.8 милиони евра од страна на Венко Филипче и несофпаѓањето на цените на вакцините упатува на сторен сериозен криминал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This