(Фото) Се припрема терен за ypивање на Универзална-се сечат околните дрвја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се сечат елки стари 50 години во централното градско подрачје, конкретно пред Универзалната сала.

Граѓаните кои тука живеат велат дека елките со години го краселе овој дел од градот.

Си го поставуваат прашањето зошто се сечат елките, односно дали причината можеби се крие во најавите од градските власти поврзани со Универзалната сала, а кои предизвикаа бројни реакции во јавноста.

Имено, од кај градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов беше спомената можноста постоечката Универзална сала, во неможност да се рекенструира според стандардите, да се урне и да се изгради нова современа на друга локација.

Фактор стапи во контакт со градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој за Фактор изјави дека оваа операција е организирана од Град Скопје.

Се обидовме да го добиеме и портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, но не успеавме да оствариме контакт преку неговиот мобилен телефон.

Штом од градските власти добиеме реакција, чке ја објавиме во целост.

Вака изгледаа елките пред да бидат исечени.

А вака изгледаат сега.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This