(Фото) СПМ co ocтpa peaкциja: Поднесена kpивичнa пpиjaвa пpoтив Пoмoшник нa Миниcтepoт Спасовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес 03.09.2021 година Синдикат на Полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против Министерство за внатрешни работи, лицето В.Д – помошник на Министерот во Оддел за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси и повеќе НН лица на високи позиции во Министерството за внатрешни работи вработени во МВР во периодот од 2015-2020 година заради тоа што постои основано сомнение дека сите наведени сториле кривично дело „Повреда на правото од работен однос“ по член 166 ст.1 од КЗ и кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ.

Во временскиот период од 2015 година – 2020 година, пријавената В. Д, во својство на службено лице – помошник на Министерот во Оддел за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси, заедно со други НН службени лица, вработени на високи (раководни) позиции во Министерството за внатрешни работи, со неизвршување на службената положба и овластувања кои ги имала како раководно лице во организациски единици во рамките на Министерството за внатрешни работи – ОПРСПУЧР, како и со свесно непридржување кон закон и колективен договор од областа на работните односи, причинила таа и другите НН лица материјална штета во вкупна висина од над 250.000.000,00 денари или над 4(четири) милиони евра на средствата на буџетот на МВР.

Имено, член 117 од Законот за работни односи гласи: “На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката“ Согласно наведеното, пријавената, непочитувајќи ја цитираната одредба од Законот за работни односи сториле повеќе од 8.000 кривични дела предвидени и казниви по член 166 од КЗ и причиниле штета на буџетот на Република Македонија.

Објава може да погледнете ТУКА.

Објава може да погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This