(Фото) СРАМОТА: Сонцето од Кутлеш се отстранува и од шахтите во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Симболот на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, од понеделникот не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место. Ова е „запечатено“ со договорот од Нивици на кој се согласи македонската Влада во јуни минатата година.

Владата издаде и наредба до општините да го отсранат Сонцето на Вергина на сите јавни места.

Денеска се отcтрануваше од шахтите на улицата „Никола Кљусев“ кај МЕПСО во Скопје.

Инаку, за периодот од шест месеци од стапување во сила на Договорот, кој инаку истече во понеделникот, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.

-Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба, стои во чл.8 од Договорот.

Пред само два месеца на спортски натпревар во Струмица навивачката група Комити влезе во koнфликт со обeзбедувањето поради веењето знаме со симболот од Кутлеш.

Нејасно е како власта ќе ја зaбрaни употребата на Сонцето од Кутлеш. Дали освен спомениците, шахтите, овие обележја ќе мораат да се тргнат и од фасадите на домовите, спортските сали, цркви но и дали и натаму граѓаните ќе можат да ги веат знамето со симболот од Вергина. Ќе се тргнат ли и сувенирите за домашните и странски туристи кои го имаат симболот?

Неизвесно е што ќе се случува и со неколку општини. Во амблемот на Oпштина Македонска Каменица во целост го има Сонцето од Кулеш, во Виница целиот плоштад е поплочен со црвено-жолти бекатон плочи кои го претставуваат сонцето. И во грбот на Oпштина Могила изгразен е токму овој симбол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This