(ФОТО) СУЗАНА ГАВАЗОВА Е ДОБРО „НАМАЧКАНА“ СО СИТЕ БОИ,ЗА ДА ГО ОСВОИ…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сузана Гавазова со уште една-две свои колешки е првата која на српската турбофолк инвазија реши да и се спротистави, па одовде тргна во поход на Белград за да ја „покори“ нивната естрада. Песната „Хало“ се покажа како вистински погодок и еден вид рецепт за успех, што покажаа предновогодишните гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк…

Гавазова бргу ја сфати играта, па не чекаше долго за да го направи следниот чекор.

Впрочем, сексапилната струмичанка уште од претходно е добро „намачкана“… И тоа со сите естрадни бои за да го освои регионот, па искуството што го собираше сите овие години на сцената, реши да го искористи за да го валоризира трудот.

Затоа Гавазова така „Намачкана“ не влезе во кафеана, туку директно во студио за да ја сними најпрвин новата песна на Српски јазик со ист наслов: „Намачкана“ („Намазана“), чии автори се апотоа и видеото за истата ја компонираше Саша Диниќ, а стиховите ги напиша Ана Диниќ.

Веднаш потоа во Белград го реализираше и видеото за „Намазана“ во кое Сузана, барем од она што се може да се види од првите фотографии изгледа уште попривлечно, попожелно, позаводливо… Што би рекле брутално cekcи. Такви се и девојките кои се појавуваат со неа во спотот, кој покрај песната, со својата провокација треба да ја освои целата нација. А првите сцени и тоа како ветуваат дека „Намазана“ ќе ја вивне Сузана за да блесне и на регионалното ѕвездено фолк небо.

Инаку видеото е во реализација на “НН Медиа продукција”, за кое се најувава и официјалната промоција која ќе биде отприлика за десетина дена во Белград, пред голем број моќни и влијателни електронски, печатени медиуми и интернет портали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This