Летото е создадено за патување и уживање во морето, а во тоа не одолеал ни некогашниот ангел на Викторија Сикрет – манекенката Алесандра Амбросио.
https://www.instagram.com/p/B0Oo2zllTjW/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Една од најубавите жени на светот го користи своето слободно време за уживање со партнерот, италијанскиот дизајнер Николо Оди, со кој е во врска од минатата година.
Оваа прекрасна Бразилка и нејзиното момче го поминуваат летото на Ибица, Миконос, но и во Италија, за што манекенката редовно нè известува со фотографии на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/Bzsme8AFAnO/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Алесандра моментално престојува во Италија и го привлекува вниманието каде и да се појави. Оваа 38-годишна убавица и понатаму плени со својот изглед, иако е мајка на две деца, а фотографиите се вистински доказ за тоа.