(ФОТО) ТОП 10 ДЕСТИНАЦИИ: Треба да ги посетите во 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Листата на посакувани дестинации на секој патник постојано расте. Тешко е да одлучите кои дестинации да ги посетите, па погледнете кои ќе бидат најатрактивни во 2020 година. Поголемиот дел од овие предлози се избор на новинарите, на туристичките агенти, на туристите и на жителите во поголемите градовите.

1. Арктикот

Неповторлива можност да гледате нарлови и моржови преку мразот, да застанете на Северниот Пол и да се движите по тундрите и глечерите во потрага по ирваси и арктички лисици.

2. Бразил

Нeзгoднитe барања за виза се укинати, а овој потег го направи Бразил попривлечен од кога и да било порано. Таму ве очекуваат дождовна шума, џунгла, плажи, песочни дини, вински региони, богата историја, мешавина на култури, извонредна храна и привлечна архитектура.

3. Бризбејн, Австралија

Во Бризбејн можете да уживате во новите хотели со пет ѕвездички, како и во крајбрежјето на градот во коешто има многу нови инвестиции.

4. Доломитите и езерото Гарда

Доломитите ќе го задоволат вашиот апетит за чист воздух, а на брегот на езерото Гарда ќе уживате во прекрасниот поглед на природата.

5. Хидра, Грција

Овој остров го прикажува автентичното секојдневие на жителите во Грција, а недопрените плажи и патиштата без возила го прават ова место попривлечно од Миконос и од Санторини.

6. Израел

Патувањето во Израел е редок спој на историјата, на духовноста, на културата, на авантурите и на иновациите. Во оваа земја постојат многу различни пејзажи, топографии, верувања и начини на живот, па поради тоа има и премногу места што може да се истражуваат.

7. Јапонија

Оваа година во Јапонија се одржуваат Олимписките игри, но вие можете да видите многу повеќе атракции. Посетете го јужниот остров Шикоку, вкусете ги локалните специјалитети и истражете ги изолираните планински долини каде што традициите сè уште се негуваат.

8. Мексико Сити

Мексико Сити со своите случувања, со неверојатните нови ресторани, со својата уметност и со сè останато, ќе биде центарот на светот во 2020 година.

9. Нов Зеланд

Во Нов Зеланд ќе ве пречекаат прекрасни пејзажи, чудни авантуристички спортови, чувство на сигурност, но и чувство како да има повеќе овци од луѓе. Сепак, ќе бидете далеку од сите животни драми.

10. Перуанскиот Амазон

Во овој дел од Перу можете да се поврзете со розовите делфини, со видрите, со малите крокодили, но и да уживате во природата и да ја пробате ја вкусната храна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This