(ФОТО) Филипче му измери температура на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче денеска беа во посета на градската болница во Кавадарци, за како што истакна Заев, да се даде поддршка на здравствените работници поради нивното макотрпно работење во борбата против корона вирусот.

Притоа, министерот Филипче му измери и температура на првиот човек на владејачката СДСМ.

„Обезбедуваме 40% повисоки плати во здравството во следните 4 години, продолжуваме со вработувања во јавно-здравствените установи за да се јакнат капацитетите. Уште повеќе вложуваме во здравствениот систем за уште подобра здравствена заштита.

Тие се хероите на денешницата и ја заслужуваат целата наша поддршка и почит и треба да им возвратиме со целосно почитување на мерките за заштита“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This