(ФОТО) БРАНОВИДНА ЗГРАДА: Најнеобичен но и најдобар станбен објект во светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градбата која ја чинат пет кули инспирирани со водите на фјордот Велје и околните ритчиња во Данска е една до најнетипичните градби на светот.

„Брановите“ кои доминираат со Велје можат да се видат од воз, од пат или од реката на деветтиот по големина град во Данска кој се сместил на североистокот на полуостровот
Јутланд.

Чудото на архитектурата инспирирано од фјордот Велје со текот на годинит станал еден од најпознатите симболи на градот, но и државата.

Преку ден белите бранови на зградата се огледуваат во водата, а кога ќе се стемни, градбата поприма изглед на планина осветлена со разни бои. Зградата има 140. атрактивни
апартмани со поглед на фјордот,а проектот го потпишува компанијата „Хенинг Ларсен
Архитект’.

Пред девет години Здружението на европските архитекти им ја врачило наградата „Leaf“ за најдобар станбен објект. Многу стручни списанија оваа гардба ја споредуваат со познатата зграда на Операта во Сиднеј.

Првите две кули, од кои секој има по 20. станови, се завршени во 2008. година, додека трите преостанати се обновени во 2015. година и дури сега се завршуваат.
Велје е омилен меѓу туристите поради зелените површини, но и бројни специјализирани продавници и места за купување. Прогласен е за најдобаро и најпријатен дански град за шопинг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This