(Фото) Хаocот продолжува: Дeмонстрантите пред Националното собрание, блокиран сообраќајот во центарот на градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашните протести поради најавата за евентуално повторно воведување на полицискиот час во Белград и демонстрациите што ескалираа пред зградата на Националното собрание, неколку политички партии попладнево организираа нов протестен собир, овој пат, пред Филозофскиот факултет.

Иако претседателот на Србија, Александар Вушиќ, при денешеното обраќање до нацијата изјави дека нема да има повеќедневна забрана за движење, но дека, сепак, утре владата ќе ја донесе конечната одлука, на улиците на Белград попладнево има зголемен број поддржувачи на различни политички опции.

Еден од протестите го организира опозицискиот Сојуз за Србија, кој бара формирање на преодна влада и нов Кризен штаб за борба против епидемијата, како и промена на врвот на полицијата по употребата на сила на синоќешниот протест во српската престолнина.

Меѓу собраните граѓани и се лидерите на опозицијата, претседателите на Партијата за слобода и правда Драган Џилас, на Народната партија, Вук Јеремиќ, на Двери, Бошко Обрадовиќ, на Демократската партија, Зоран Лутовац, и на Движењето за промени Јанко Веселиновиќ.

Од насобраните има најава дека вечерва повторно ќе има протест пред српскиот Парламент, каде синоќа, до доцна во ноќта, имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This