(Фото) Што беше потпишано во Белград во присуство на американската делегација?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во присуство на високо рангирана американска владина делегација, која изрази взаемна поддршка за подобрување на економските и севкупните односи меѓу двете страни, особено договорите потпишани во Вашингтон на 4 септември, беше потпишанa Заедничката изјава на Косово од страна на Стопанските комори на Србија и Косово.

Во соопштението се наведува дека процесот на нормализација на односите меѓу двете страни е основен предуслов за подобрување на економскиот и социјалниот статус на сите граѓани во регионот и дека тоа е предуслов за постигнување на целокупниот економски, социјален и политички развој на Западен Балкан.

Со изјавата тие ја поддржаа иницијативата за регионална соработка на мини Шенген, бидејќи тоа е, како што се наведува, важен чекор кон просперитет и подобрување на стабилноста и конкурентноста во целиот регион на Западен Балкан.

Тие исто така ја истакнаа потребата страните да останат цврсто посветени на потпишаните договори и да обезбедат нивна имплементација преку внимателно изработен акционен план кој гарантира успех.

Тие изразија уверување дека ангажманот на ДФЦ со своите партнери и нејзиното континуирано присуство во регионот ја покажува силната посветеност на САД да придонесат за подобри економски изгледи за целиот регион на СБ.

Исто така, двете комори ќе продолжат да даваат помош на секој можен начин со цел да се постигне одржливо економско нормализирање.

Изјавата, исто така, предвидува формирање на заеднички тим за економска соработка, составен од деловни лидери и експерти за економска нормализација, кои работат и во Белград и во Приштина.

Примарната улога на тимот е активно да придонесе кон процесот на економска нормализација и да обезбеди помош и насоки за сите страни вклучени во процесот, односно владите, деловната заедница, DFC, Банката ЕКСИМ, институциите на САД и ЕУ.

Исто така, во рамките на тимот, ќе се формираат секторски групи во кои ќе се разгледуваат, следат и развиваат проекти од специфични сектори:

Група за развој на инфрacтруктура ќе придонесе за инфрacтруктурни проекти поврзани со продолжување на изградбата на автопатот Мир, меѓу Ниш и Приштина, реконструкција и модернизација на пругите и нивно поврзување со пристаништата на Јадранското море, изградба и модернизација на инфраструктурата за индустриските зони и обезбедување технологии за проекти поврзани за производство на енергија од отпад итн.

Група за одржливо производство и дивeрзификација на енергијата, која се занимава со дивeрзификација на енергијата, за поддршка на отворање на централа со употреба на литиумски батерии во регионот и истражување и ekсплоатација на литиум и други скапоцени руди.

Потоа тим за изградба на фабрика за стакло во регионот, кој обезбедува снабдувач за целиот регион и слично.

Група за развој на агро-туризам, која ќе ги истражи можностите за развој на одржлив туризам врз основа на понудата на локални природни ресурси како на пр. Копаоник и Брезовица, клисурата Руговска и слично.

Двете страни изрaзуваат целосна уверување дека претходно потпишаните договори ќе бидат имплементирани.

Тоа се повторно воспоставување на воздушниот сообраќај меѓу Белград и Приштина , обновување и модернизација на железничката инфраструктура на „источната“ траса Ниш-Доjeевац-Мердаре-Приштина и изградба на „мировниот автопат“ Ниш-Мердаре-Приштина.

Договорите ќе обезбедат основа и инструменти за значително подобрување на конкурентноста, економската кохезија и поврзаноста во целиот регион на Западен Балкан, се вели во соопштението.

Коморите ќе обезбедат поддршка за сите страни во идентификување на проекти, спроведување на физибилити студии и други неопходни активности насочени кон подобрување на диверзификацијата на снабдувањето со енергија и придонес кон економскиот, социјалниот и еколошкиот развој и придобивките за локалните заедници.

Потписниците ја поздравуваат намерата на DFC да обезбеди финансирање на гарантна шема за обезбедување кредит на малите и средни претпријатија.

Претставниците на деловните заедници ги покануваат сите заинтересирани страни да земат активно учество во унапредувањето на економската нормализација предвидена со Вашингтон и други договори, чие целосно и навремено спроведување ќе ги вклучи креативниот, економскиот, природниот и научниот потенцијал на регионот како целина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This