(Фото) Штo ce cлyчyвa во Кина?: Мpeжa нa тajни кaмпoви зa мycлимaни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеските власти изградија речиси 400 кампови во регионот Сингјанг, а изградбата на уште десетици такви кампови продолжи во изминатиот период иако од Пекинг порачаа дека нивниот систем за „преобразување“ се укинува.

Мрежата на кампови на западот на Кина кои се користеа за затворање на Ујгурите и луѓето од другите муслимански малцинства, вклучува уште 14 кампови кои се во изградба, покажуваат сателитските снимки добиени од Австралискиот институт за стратешка политика.

Австралискиот институт идентификуваше 380 притворски центри воспоставени во регионот од 2017-та година. Станува збор од интернати до утврдени затвори.

„Ова докажува дека и покрај тврдењата на кинеските власти за притворените кои се во камповите, значајните вложувања во изградба на нови притворски објекти е продолжена во текот на 2019-та и 2020-та година“, изјави Нејтан Расер од Австралискиот институт за стратешка политика.

Голем број од камповите се изградени во близина на индустриски паркови, па постојат информации дека некои од затворениците работат присилно во фабриките.

„Камповите се често во близина на комплексите со фабрики, па можат да се повлечат паралели помеѓу затворањето и принудната работа“, стои во извештајот.

Пекинг инсистира на тоа дека нема никакво кршење на човекови права во провинцијата Сингјанг. Кинеските власти најпрвин го негираа постоењето на овие кампови, а потоа ги објаснија како објекти за изучување занает и реедукација, со цел да се ублажи сиромаштијата и да се спречи опасноста од тероризам.

Меѓутоа, кинеските власти не им дозволуваат на новинарите, активистите за човекови права или дипломатските претставници да ги посетат камповите, а посетителите на овој регион се под надзор.

Најмногу за овие кампови, односно за наводната кампања на Пекинг против муслиманските малцинства се знае од сведоштвата на лицата кои побегнале и преку протечените владини документи и сателитски снимки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This