Фото: Ѓорчев отиде да пomaга во Драч

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се големи“, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој денеска несебично помагаше на погодените од земјотресот во Албанија.

Пратеникот денеска присуствувал на конференција во Тирана, со учесници од целиот Балкан, а кога слушнале дека е потребна помош заминале за приморскиот град Драч.

Ѓорчев на фејсбук ја сподели информацијата дека растовариле два камиони со вода, сокови и кутии со храна, а порача доколку треба дека ќе учествува во расчистувањето на урнатините.

– На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед, напиша Ѓорчев на друштвената мрежа.

Solidarity with Durres. Stay strong Durres! Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч. Има…

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Tuesday, November 26, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This