(Фото) Јелена Карлеуша ce oглacи нa Инстаграм вo вpcкa co вaжнo пpaшaњe зa Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ќе му објасни ли некој на српскиот народ што се случува со воздухот и зошто сме најзагадени во светот?“, ги запраша поп-вездата Јелена Карлеуша своите следбеници на Инстаграм. Повеќе од два милиони луѓе ја следат на оваа социјална мрежа.

Ова не е прв пат Карлеуша да ги користи своите социјални мрежи да поставува прашања или да ја критикува владејачката елита и општеството во кое живее. Во последните неколку години, таквите работи станаа нормални за неа.

Загадениот воздух, сепак, не е нормална работа.

Во Белград, воздухот бил загаден и нездрав во текот на ноќта, според читањата од мерните станици пренесени од AirVisual.

Параметрите биле длабоко во опасна виолетова зона, која се смета за опасна по живот. Главниот град на Србија беше на четвртото место според загадувањето на воздухот, додека неславното прво место го зазема Ниш, а потоа следуваат Ваљево и Чачак.

Индексот за квалитет на воздухот во Белград во еден момент беше 198, додека во Ниш, како најзагаден, скалата достигна 276.

Покрај тоа, Карлеуша сподели и фотографија од загадениот Белград.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This