April 25, 2024, 12:01 am

(Фото) Џамбазов се потсети на матурата: „Еј ти младост моја, куќо недокуќена…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осaмнува некоја нова објава.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 77 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства, романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што се најде последна на неговиот профил.

Нова објава, но стара фотографија од едно далечено време пред 39 години, односно од 1981 година кога Игор бил матурант. Разбирливо млад, згоден, и тогаш со подолга коса, облечен елегантно, како што е ред со бела кошула и вратоврска.

До него е партнерката од матура, а во описот на фотографијата како и секогаш имаше интересен коментар во кој вели:

-На матурска, 1981, со мојата партнерка Маринова Анче…еј ти младост моја, куќо нeдокуќена…

Коментарите веднаш следуваа и се нижеа еден под друг. Едни коментираа дека бил млад и убав, додека други се наполнуваа дека сега е убав и шармантен, а пак за она неговото „куќо нeдокуќена“ му порачаа дека кога се во прашање мажите, тие секогаш имаат време…

Инаку, Игор Џамбазов средно училиште завршил во скопската гимнзација „Георги Димитров“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This