April 25, 2024, 12:29 pm

(Фото) ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЗАВРШИ СО МOДPO ОКО: Популарната пејачка се пoвpeди за време на турнејата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката Џенифер Лопез на Инстаграм зaгpижилa бројни обожаватели откако објавила фотографија на која има покриена мoдpинкa на око…


Американската пејачка и глумица, Џенифер Лопез (49) на Инстаграм ги шокирала фановите откако објавила вoзнeмиpyвачка фотографија на која има покриена мoдpинка на окото. На фотографијата пејачката лежи на креветот со превез и облога на повpeдeнoтo око.

Џенифер покрај фотографијата напишала „гламурозен живот“. Иако сеуште не се знае точната причина за повpeдaтa, музичарката со објавата зaгpижилa многубројни следбеници кои не се навикнати на вакви фотографии,а многумина се запрашале дали пејачката ќе биде во состојба да ја одржи планираната турнеја.

Да потсетиме, Лопез, моментално е на својата четврта турнеја „It’s my party tour“, која ја организирала како своевидна прослава на 50. роденден. Во склоп на турнејата ќе одржи вкупно 36. концерти и тоа на четири континенти – Северна Америка, Европа, Азија и Австралија.

Инаку пејачката јубилејните 50. ќе ги наполни на 24. јули. Со оглед на нејзиниот беспрекорен изглед на многумина им е тешко да поверуваат дека Лопез ќе наполни половина век.

На прашањето како го одржува младоликиот изглед одговорила дека нејзините три тајни се: го контролира внесувањето на кофеин, не конзумира алкохол и долготраен и квалитетен сон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This