April 25, 2024, 12:45 pm

(Фото) Cинoт нa Жepнoвcки учecтyвaл вo тeшka cooбраќајна нecpeќа во близина на Влaда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синот на екс градоначалникот на Центар и член на Централниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски учествувал во тешка сообраќајна несреќа во близина на Владата на Република Македонија.

Автомобил марка „Мерцедес“, управуван од синот на Жерновски се забил со голема брзина во друг автомобил марка Масерати Левант. Автомобилот марка Мерцедес за малку не се забил во еден од рестораните во близина на местото на несреќата.

За среќа поради вклучувањето на воздушните перничиња била избегната поголема штета и биле спасени животите на учесниците во несреќата.

Инфомакс го контактираше Жерновски кој ни потврди дека неговиот син учествувал во сообраќајната несреќа.

На наше прашање тој ни одговори дека неговиот син е во добра здравствена состојба и дека нема други повредени во несреќата.

Во возилото марка Мерцедес се наоѓал уште еден патник пријател на синот на екс градоначалникот на центар. Жерновски вели дека неговиот син возел со поголема брзина поради тоа што сакал на време да стаса дома за да не вози за време на полицискиот час.

По несреќата тој бил хоспитализиран, но како што вели Жерновски тој сега е во добра здравствена состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This