(Фото) Caнкциoниpaни 310 вoзaчи зa бpзo вoзeњe вo тeкoт нa изминaтoтo дeнoноќие – едно лицe зaтeкнaтo кaкo вoзи co 200 км/час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден (14.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи.

Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 148 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This