April 24, 2024, 11:45 am

(Фото) Ceмejнaтa пpиjaтeлкa нa Заеви, диpeктopкaтa нa ГАК, ce cooчyвa co oбвинyвaњa зa нoв cmpтeн cлyчaj?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Викторија Јовановска, директорката на ГАК во Скопје пред нови обвинувања за нов смртен случај на жена која починала вчера, а чие погребување е денеска, порaди, како што се вели во коментарите на социјалните мрежи, за отсекување на цревата при операционен зафат.

Директорката Јовановска стана позната во јавноста уште при нејзиното назначување од страна на тогашниот министер за здравство Арбен Таравари, кој според пишувaњата на медиумите тогаш подлегнал на притисокот за нејзино назначување, поради тоа што Јовановска била другарка на Зорица Заевa, сопругата на премиерот, како и нивна семејна пријателка.

Во јули 2017-та година, преку ноќ, Владата на СДСМ разреши повеќе директори на скопските клиники и здавствени домови низ државата, по кои и беше назначена Јовановска веднаш потоа.

Директорувањето на Јовановска беше пропратено уште на почетокот од мандатот со бројни смртни случаи на новороденчиња, вкупно четири новородени деца починаа на ГАК за краток период, за кои смртни случаи се пишуваше во јавноста дека за три од нив Јовановска сакала да ги сокрие, по што тогашните обвинувањата беа дека за истото Јовановска треба да си даде оставка. Бројни беа и смртните случаи на родилки, па опозицијата обвини дека здравствените институции се партизираат со непрофесионален кадар.

Обвинувања во тоа време имаше и од страна на екс-министерката на МВР Гордана Јанкуловска чие вештачење за ризична бременост, која таа го приложила на барање на тогашното СЈО беше своевремено пратено од судијката Кацарска до директорката Јовановска на преиспитување.

Вчерашниот случај за почината жена од Карпош, одекна на мрежите, со нови обвинувања за д-р Јовановска од јавноста и блиските од фамилијата на почината.

„При операција во шиење на матката и ги фатиле цревата. 3 пати и правеле потоа операција, но не успеале да ја спасат“, стои во коментарoт.

 Јовановска сега се соочува со нови обвинувања од јавноста за „лекарска грешка“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This