(Фoтo) Co Бугapија и денec владeaт фaшиcти: Пapтијата на Kaракачанов бара жeлeзнa тyпaницa за „цигaнитe“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Циганско прашања“, „Турција разбулена“ ова се две од неколкуте категории кои можат да се забележат на официјалната страница на партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД која повеќе личи на леток на нацистичката партија и потсеќа на едни мрачни времиња отколку на страница на владеачка партија во една модерна европска држава.

Името на Каракачанов е се поактуелно во изминативе неколку месеци откако тој беше првиот висок бугарски фунцкионер кој најави вето за членството на Македонија во ЕУ доколку не се прифатат апсолутистичките бугарски барања за откажување од македонскиот јазик и историја.

Тој во изјава за телевизија на 24 на Македонците им порача, си го сменивте името, знамето ќе се откажете и од историјата и јазикот.

Каракачанов воедно е и вицепремиер и претседател на ВМРО-БНД што значи дека неговата партија е дел од владеачката структура.

Доволно е да прочитате едно соопштение на сајтот на бугарското ВМРО за да сфатите за каква идеологија пропагира оваа партија. Да ги симнеме ракавиците и да кажеме дека се работи за чист фашизам кој се пропагира во држава членка на Европската Унија.

Заменик претседателот на партијата кој е воедно и долгогодишен член на Европскиот Парламент и европратеник бара „железна тупаница за циганите“, а неговиот Фејсбук статус официјално е пренесен на страницата

-Домашниот етнички цигански криминал може и ќе се разбие само со железна тупаница, категоричен е потпретседателот на ВМРО.

 

Изјавата на Џамбаски во целост може да ја прочитате тука.

На страницата на ВМРО-БНД се споделуваат и навредливи карикатури за Ромите.

Навредите за ромите не завршуваат тука па така во друг текст пак се говори за „жолтицата како биолошко оружје на циганите“, текст кој може да го прочитате тука.

Партијата на Каракачанов нема шовинистичка политика само кон Македонците и Ромите туку и кон Турците, а истата можеме да ја прочитаме во категоријата „Турција разбулена“.

На етничкиот и религиски шовинизам на Ердоган поради кој ја претвори Света Софија повторно во џамија, младината на ВМРО-БНД бара реципроцитет и претворање на џамија во главниот град на Бугарија во музеј. Текстот може да го прочитате тука.

Откако ќе го разгледате сајтот на ВМРО-БНД ќе разберете дека со Бугарија и денес се уште владеат вашисти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This