(Фото) Eвe кoj e шeф нa вoeнoтo paзyзнaвaњe и кoj ja бpaни Шекеринска oд блaмoт штo НАТО ни го вpaти пpeтcтaвникoт oд Брисел пopaди copaбoткa со стpaнcки cлyжби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој е шеф на военото разузнавање и кој ја брани Шекеринска од бламот што НАТО ни го врати претставникот од Брисел поради соработка со странски служби?

Станува збор за лицето Горан Василевски. Тој е шеф на военото разузнавање кој повеќе делува како гласноговорник на СДСМ отколку како професионалец на функцијата која ја обавува.

Беше член на Шарената револуција во моментите кога се палеа македонските институции.Тој има одземен сертификат од судот, а сега е главен извршител на Радмила Шекеринска, во функција на бранител на нејзините лаги по срамот кој го доживеавме.

Документите кои со негов потпис се праќаат во НАТО, истите се враќани назад.

Дека Шекеринска се крие зад лица на кои судот им го одземал сертификатот и ја загрозува нашата и безбедноста на НАТО, вчера обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ. Беа обелоденети и документите кои се доказ за сите тврдења.

Шекеринска повторно се крие зад соопштенија и портпароли, наместо да излезе и да каже зошто Македонија 2 ипол години нема највисок воен претставник во НАТО, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шекеринска не одговори ниту зошто и ги враќаат луѓето кои ги праќа во НАТО. Во паника и нервоза, кршејќи го законот за класифицирани информации, офицерот од МО изнесе класифицирана информација во партиска функција. И покрај тоа што Ковачки не спомна идентитет на лица, се истрча да каже дека Ковачки е потпишан на некој сертификат на едно од лицата. Очигледно е дека се нема доволно познавање од законската регулатива според која, единствено Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава безбедносен сертификат (член 49), велат од партијата.

-Тоа што Шекеринска преку нејзиниот портпарол го кажа во никој случај не е за политички прес и во најмала рака требаше да пушти друго лице да зборува на темата. Имено, тоа лице кое Шекеринска го пуштила да зборува за безбедносни сертификати, во 2012 година од Суд е одбиено за сертификат. Шекеринска од час во час ја загрозува АРМ и НАТО. Оставка, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This