(Фото) Heвepojaтнo: Paзвиeнa мacкa зa oткpивaњe дaли лицeтo кoe ja нocи e зapaзeнo co кopoнaвиpyc – еве како функционира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американски научници развија заштитна маска со која може да се утврди дали лицето кое ја носи, е заразено со коронавирус, се вели во статија објавена на интернет-страната на Технолошкиот институт во Масачусетс.

Тамошни стручњаци, заедно со колеги од Универзитетот Харвард, создадоа прототип-маска со мал подвижен сензор. Сензорот дава резултати по околу час и половина носење на маската. А, има и можност – читањето на резултатите да не се видливи за луѓето наоколу, заради доверливост.

Како што се наведува, сензорите од овој тип почнале да се развиваат пред неколку години. Претходно се користеле за откривање зарази со вирусот ебола и зика, но може да се подесат и за други вируси.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, од почетокот на пандемијата, во САД се откриени над 33,6 милиони случаи, а повеќе од 604.000 починале. Со тоаа, оваа земја е на првото место во светот според двата показатели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This