April 25, 2024, 11:45 am

(Фото) Hoва бomбa за Македонија од историските ахриви на CAД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува објавувањето на докази за постоењето на македонската нација и јазик кон крајот на 19 век и почетокот на 20-тиот век од страна на Македонците во дијаспората кои во детали ги истражуваат американсите историски архиви.

Претседателот на Организацијата Обединети Македонци на Канада, Драги Стојковски и денеска објави документи од американските историски архиви, објава која се надоврзува на вчерашната.
Погледнете:

-Предизвик до сите Македонци – број 4, 21 мај 2021

Денес ќе се надоврземе на последната објава од 19 мај 2021 каде беше објавено дека во Соединетите американски држави, македонскиот јазик бил признат и користен како мајчин јазик уште во 1899 година.

Имено, како потврда на горната објава ќе ги претставиме упатствата за попишувачите наменети за пописите во САД за 1920 и 1930 година (во оригинал „Instructions to Enumerators”, чија насловна страна ја приложуваме).

И во двата следователни пописи, упатствата имаат список на „Главни странски јазици“ (во оригинал – Principal foreign languages) кои попишувачите можат да ги впишат во пописните обрасци. Од јазиците кои се користеле од страна на балканските доселеници, вброени се албанскиот јазик, бугарскиот, хрватскиот, грчкиот, македонскиот, црногорскиот и српскиот јазик (во прилог може да се види и оригиналниот назив на јазиците – Albanian, Bulgarian, Croatian, Greek, Macedonian, Montenegrin, Serbian).

Пописните податоци за 1920 година можат да се најдат тука

https://www.census.gov/history/pdf/1920instructions.pdf и тука http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1920.shtml , додека за 1930 година се тука http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1930.shtml.

До следната објава,

Драги Стојковски

Целата објава можете да ја погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This