Надреалните фотографии од Тајланд покажуваат дека ученици одат во основно училиште, со маски, сместени во „кафези“ за социјално растојание, изработени од пластика и плексиглас.
Тајландски деца во градинка во училиштето Ват Клонг Тој во Бангкок, кое е отворено веќе еден месец, учат зад кутиите од плексиглас и си играат само со играчки во „кафези“ .
Зеленото светло беше дадено за училиштата во земјата да се отворат на почетокот на јули со серија строги мерки.
Властите препорачуваат големините на класовите да бидат ограничени на 20-25 ученици, додека клупуте, работните места и другите области со висок ризик од ширење на инфекција се чистат често во текот на денот.
Погледнетеги фотографиите од Бангкок, објавени во понеделникот од страна на Гети Имејџс: